СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕТСТАВЕНА НА АВТОМОБИЛСКИ КОНГРЕС ВО ШВЕДСКА

Претставници од Дирекцијата за ТИРЗ, предводени од генералниот директор Александар Младеновски и оваа година ги презентираат инвестициските можности на нашата земја на дводневниот Автомобилски Конгрес АНЕ (Automotive News Europe Congress 2019) кој се одржува во Гетеборг, Шведска.

Конгресот, Automotive News Europe, започна со годишните награди Rising Stars, каде што идните лидери на индустријата беа наградени за нивните достигнувања. По церемонијата, реномирани личности од европската автомобилска индустрија се обратија на преку 300 делегати кои се присутни на Конгресот.

На настанот учествуваат еминентни компании за производство на автомобили и автомобилски компоненти, вклучувајќи ги Volvo, Opel, Lotus, SEAT, Jaguar, Volkswagen, Toyota, LYNK & CO, како и консултантски фирми, сите претставени од директори или лидери во нивните организации. Учесниците, исто така, добија можност да патуваат во една од најмодерните европски објекти фабриката Volvo Cars во Торсланда, Шведска.