Средба Муцунски – Димовски: Владините приоритети се економски раст, нови работни места и инвестиции
Денес, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, имаше продуктивна средба со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.
Во текот на средбата, двајцата функционери разговараа за клучните владини приоритети, вклучувајќи ги економскиот раст, создавањето на нови работни места, поттикнувањето на трговијата и привлекувањето на нови инвестиции. Беше нагласено дека овие приоритети ќе бидат главна точка на нивната заедничка работа, со обврска за цврста и постојана соработка.
Муцунски и Димовски се согласија дека координираниот пристап и континуираната соработка на полето на економијата и бизнисот се од суштинско значење. Исто така, тие ја потврдија својата посветеност на заедничкиот настап во привлекувањето на странски инвестиции, со цел да се унапреди економскиот развој на земјата.