Средба со претставници на Македонија 2025

Директорот Гоце Димовски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари работна средба со раководството на организацијата Македонија 2025, во рамки на активностите за унапредување на надворешната трговија и економската дипломатија.

На средбата се разговарше за можностите за организирање заеднички активности во делот на извозната и инвестиционата промоција на македонските компании, со посебен фокус на бизнис-форуми во рамки на официјални посети на владини делегации во странство и улогата на дијаспората во тие процеси.

Воедно, беа разледани и начините на кои дипломатско-конзуларните претставништва можат да дадат поконкретна поддршка за организирање деловни средби и истражување на странските пазари од страна на домашните компании.

Оваа средба, ја покажува посветеноста на државата да биде активен и ефикасен поврзувач меѓу домашниот бизнис, странските пазари и македонската дијаспора, со конкретни резултати за економијата.