Средба со турската федерација – TESİAD
Во рамки на концептот за градење стабилни билатерални партнерства, директорот Гоце Димовски денес имаше средба со раководството на турската Федерација на сите активни индустријалци и Здружение на бизнисмени – TESİAD. Средбата опфати дискусии за досегашната работа на двете страни, при што се разгледаа неколку можности за потенцијални идни соработки.
Директорот Димовски ја нагласи посветеноста на ТИРЗ и Владата во градењето стабилни партнерства на меѓународно ниво, при што ја посочи досегашната успешна соработка со Турција како држава која е активен инвеститор во рамки на зоните.
„Турција е наш партнер подолго време, а успешноста на бројните компании говорат за македонската поволна и стабилна бизнис клима. Турските компании препознаваат дека нашата држава нуди стабилни и предвидливи бизнис услови, што е од суштинско значење за успешното работење и развој. Нашата соработка со водечки федерации како TESİAD, дополнително ќе влијае на создавањето одржливи и иновативни решенија за унапредување на бизнис-климата и зголемување на економската соработка.“ – истакна Димовски.
Од страна на раководството на TESİAD, на чело со Илјас Бозкурт беше изразено задоволство за средбата, со очекување за понатамошна успешна соработка. Од нивна страна беше нагласена улогата која ја има TESİAD на полето на домашните и надворешните односи во врска со економскиот развој, истражувањата и поддршката на иновативни бизнис-проекти.
„Нашата главна мисија е да придонесеме кон создавање долгорочни економски стратегии преку анализа на глобалните и регионалните трендови. Оваа соработка ќе овозможи размена на експертиза, знаење и искуства кои директно ќе помогнат во забрзување на економскиот раст продлабочување на билатералните односи меѓу нашите две земји.“ – посочи Илјас Бозкурт, претседател на TESİAD.