СТАБИЛЕН РАСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ЗОНИТЕ – ТРЕТИОТ КВАРТАЛ НАЈВИСОК ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ
Во технолошко индустриските развојни зони, по првите два и во третиот квартал е регистрирано највисоко ниво на економска активност споредено со истиот период во последните четири години, покажува редовната анализа на ТИРЗ.

Исто така, во првите девет месеци од 2021г вкупниот увоз во зоните изнесува над 2,225 милијарди евра и е за 56% зголемен во однос на истиот период лани односно 16 % во однос на 2019г, а над 50% во однос на 2018. И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво во однос на истиот квартал во секоја од изминатите четири години. Така увозот во третиот квартал од годинава достигна 690 милиони евра што е за 13% повисок од истиот квартал лани, односно за 22% повисок споредено со третиот квартал во 2019. Месечниот увоз во ТИРЗ во септември 2021 година го надминува месечниот увоз за истиот месец во изминатите четири години и е на ниво од 189 милиони евра. Споредено со септември 2020 година, увозот е поголем за 7%.
ТИРЗ е во фаза на воведување нови параметри во анализата за да се увиди колкав дел од увозот се должи на набавка на опрема, а колкав дел на суровини. Анализата посочува дека во период на зголемени инвестициски активности голем дел од увозот се должи на набавка на машини, опрема и нови технологии. Ова се одразува и на нето извозот, односно речиси изедначена покриеност на увозот и извозот во зоните. Заклучно со август нето извозот е во позитива од 0,70%.
Според анализата над 70% од компаниите работат во рамки на просекот или над него, споредено со претходните месеци во 2021. ТИРЗ внимателно ги следи ризиците со глобалните ланци на снабдување и доколку е потребно ќе се предложат мерки за справување со можните последици. Меѓу другото, во рамки на новиот концепт на привлекување на инвестиции ТИРЗ веќе применува диверзифициран пристап и привлекување инвестиции и од различни сектори.
