СТУДЕНТИ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА НА ПЛАТЕНА ПРАКСА ВО ТИРЗ

Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за ТИРЗ. Ова е нов концепт на пракса кој се воведува во Дирекцијата со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

„Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме да ги поврземе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини. Верувам дека ќе го поттикнеме креативниот потенцијал кај овие млади луѓе и ќе придонесеме кон градење на нивните капацитети и усовршување. Ова е чекор напред кон креирање на стручни и професионални кадри кои ќе може да напредуваат овде, дома, “ изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Ова е само една од програмите на ТИРЗ наменети за млади.

„Со новиот концепт на работа на ТИРЗ преку таргетирани мерки и програми работиме на креирање не само на стабилни работни места туку и повисоки плати за наши сограѓани, особено за младите што верувам дека ќе биде јасен мотив тие да останат во земјава и тука да ја градат својата иднина,“ додаде Деспотовски.

Студентите доаѓаат од Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје, Американ колеџ како и Штуловиот Универзитет во Тетово и ќе бидат распределени во различни сектори. Праксата започнува на 3 август и ќе трае три месеци, а студентите ќе работат на проекти кои ќе ги презентираат на крајот од праксата. Практикантите беа избрани од 20 пријавени кандидати на јавниот оглас на ТИРЗ. По завршувањето на овој циклус, ќе биде објавена слична програма со цел да им се даде можност за практична настава и на други студенти од земјава.

ТИРЗ е општествено одговорна институција која постојано вложува во развојот на младите преку различни програми за пракса и во компаниите кориснички, како и преку поддршка на дуалното образование.