Иднината – дома
Александра Божиновска – Гересхајмер
Германскиот „Гересхајмер“, со седиште во Дизелдорф е глобален лидер во производство на пластичнa и стакленa медицинска амбалажа. Александра
Божиновска е дел од оваа фабрика веќе 2 години и со својата работа индиректно помага во спасување на човечки животи низ светот.
Сите млади луѓе треба да добијат шанса да бидат поддржани да го постигнат својот потенцијал во учењето, развојот и работата, а со
инвестициите во #ТИРЗ им го овозможуваме токму тоа.