ТУРСКААТА КОМПАНИЈА ПУРПЛАСТ ИНВЕСТИРА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 1

Нова странска инвестиција во ТИРЗ Скопје – Турската компанија Пурпласт иницијално ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија Пурпласт Мехмет Шишманоглу, денес во Владата на Република Северна Македонија, потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата Пурпласт закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски посочи дека иницијалните контакти со компанијата Пурпласт се воспоставени пред само два месеци, а подвлече дека станува збор за компанија со 40 годишно искуство во производството на пластични компоненти за автомобилската индустрија.

„Компанијата работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, инвеститорот ќе произведува пластични маски и други пластични компоненти за компанијата Ван Хол и многу други компании кои произведуваат автобуси и камиони “, нагласи директорот Младеновски.