Успешна средба со Линамар Македонија
Успешна и продуктивна средба одржана помеѓу директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски и Франциско Мадеира, директор на фабриката Линамар Аутомотив Стрекчерс во ТИРЗ Скопје 2. На средбата, се разговараше за тековните и идни проекти на Линамар, како и можностите за понатамошни инвестиции и проширувања на компанијата.
Линамар Корпорација е напредна производствена компанија каде што пресекот на водечката технологија и длабоката производствена експертиза создава решенија кои ги напојуваат возилата, движењето, работата и генерално, иднината. Компанијата е составена од два оперативни сегменти – индустриски сегмент и сегментот мобилност, како глобални лидери во производствените решенија, развивајќи високо инженерски производи од светска класа.
„Присуството на Линамар во Македонија е од големо значење за целата наша економија. Производството на високо технолошки и напредни решенија се само знак на посветеноста на оваа компанија за развој и иновации во земјата. Дирекцијата за ТИРЗ, како институција е секогаш достапна за да пружи поддршка на компаниите, се со цел надминување на сите предизвици. Оваа инвестиција е значајна како за иднината на македонската економија, така и за привлекувањето на нови странски инвеститори.“ – истакна Димовски.
„Откупувањето на бизнисот на Дура е значаен чекор за Линамар во проширување на нашето присуство во Европа, земајќи предвид дека Македонија е една од двете локации на овој континент. Оваа аквизиција ни овозможи да ја зголемиме нашата производствена способност, воведувајќи нови технологии. Понатамошните инвестиции и проширувања на нашите капацитети се неизбежен чекор за нас како компанија, притоа создавајќи дополнителни можности за вработување и економски раст.“ – кажа Мадеира, управител на Линамар.
Минатата година, Линамар го купи бизнисот со куќишта за батерии на Дура-Шилох, кој вклучуваше три фабрики со локации во Македонија, САД и Чешка, сега дел новоформираната оперативна група Линамар Стрекчерс.