Успешна средба со претставници на Светска Банка
Директорот Гоце Димовски денес одржа успешна средба со претставници на Светска банка, на чело со Мауро Теставерде, виш економист. Во рамки на средбата се разговараше за економската соработка, која ќе придонесе за растот и развојот на зоните, како и можните идни проекти кои дополнително ќе имаат позитивно влијание врз целокупната национална економија.
Директорот Димовски ја истакна клучната улога на Светска банка како еден од најзначајните меѓународни партнери во процесот на унапредување на деловната клима и подобрување на условите во зоните. Тој нагласи дека оваа соработка отвора широк спектар на можности за поддршка на нови инвестициски проекти, отворајќи нови можности за одржлив развој и унапредување на конкурентноста на македонската економија.
Од страна на претставниците беше потенцирана подготвеноста на Светска Банка за обезбедување на соодветна поддршка се со цел зголемување на конкурентноста на Македонија како локација за странските инвеститори. Тие посочија дека Светска банка е силен поддржувач на земјата во спроведувањето на низа значајни реформи и проекти кои ќе допринесат за уште поповолни инвестициски услови.
Дирекцијата за ТИРЗ како институција останува посветена на градење стабилни партнерства со сите засегнати страни, а особено со меѓународните институции кои имаат силно влијание врз економскиот раст и развој на Македонија.