Успешна средба со Ред Шпед и Дени Интернационал
Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Офелија Бајо, оперативен менаџер во Ред Шпед, Игор Ангеловски, координатор во ТИРЗ на Ред Шпед и Златко Бисковски, заменик директор во одделот за шпедиција на Дени Интернационал која има свое претставништво во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Средбата главно беше фокусирана околу досегашните активности на компаниите кои имаат свое претставништво во рамките на ТИРЗ Скопје 1, како и можностите за понатамошно унапредување на услугите и поддршката за компаниите кои работат во зоната.
Директорот Димовски ја истакна важноста на овие компании како еден од главните партнери во обезбедувањето на ефикасни логистички и царински услуги за компаниите во ТИРЗ. Тој посочи дека и Ред Шпед и Дени Интернационал имаат подеднакво важна улога во олеснувањето на процесите за увоз и извоз, што е од особено значење за конкурентноста на зоните, обезбедувајќи соодветна инфраструктура.
Од страна на менаџментот на компаниите, беше изразено задоволство за средбата, со очекување за понатамошна плодна соработка. Од своја страна, тие ја нагласија посветеноста кон обезбедување на високо-квалитетни и иновативни решенија за своите клиенти, со цел задоволување на зголемените барања на пазарот.
Редовната координација помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и компаниите активни во логистичкиот и транспортниот сектор е од голема важност за создавање поволни услови за инвеститорите, а ќе придонесе за дополнително зголемување на ефикасноста во логистичките и царинските процеси, што е клучен фактор за одржување на конкурентноста на зоните. Како институција, ТИРЗ и понатаму продолжува да работи посветено за подобра инвестициска клима.