Успешна средба со Heidelberg Postpress, плановите за потенцијална инвестиција во напредна фаза


Во насока на развој на плановите за потенцијална инвестиција на германската Heidelberg Postpress, која беше најавена минатиот месец, директорот Димовски оствари средба со менаџментот  на компанијата. На средбата се разговараше за конкретните услови и можностите за реализација на инвестицијата, потенцијалната локација во рамки на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип, динамиката на имплементација, како и за поддршката што институциите можат да ја обезбедат.

Директорот Димовски истакна дека интересот на Heidelberg Postpress претставува уште една потврда за довербата на германските компании во стабилноста и потенцијалот на земјата, нагласувајќи дека институциите остануваат стабилен партнер во реализацијата на вакви стратешки инвестиции.

Од страна на Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, беше изразено задоволство од досегашната комуникација и од условите за инвестирање, при што беше нагласено дека компанијата внимателно ги анализира следните чекори со цел донесување конечна инвестициска одлука.

Инаку, разговорите со оваа германска водечка технолошка компанија започнаа минатиот месец, а по разгледување на можностите за потенцијална инвестиција, процесот е во напредна фаза. Компанијата со 175 години искуство е снабдувач на целосни решенија во основните области на пакување и дигитално печатење, како и софтверски решенија.