ШВАЈЦЕРСКАТА ФИРМА БАУМЕР ГО ОЗНАЧУВА ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТЕЊЕТО ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 1

Стартот на фабриката „Баумер“ од Швајцарија во Бунарџик е уште една успешна приказна за економските политики на Северна Македонија

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Александар Младеновски упати честитки на сопствениците и менаџерите на „Баумер“ за стартот на работата на нивната фабрика.

„За краток период двете страни, и менаџерите на „Баумер“ и ние од дирекцијата за ТИРЗ и од економските ресори во Владата на Северна Македонија, вложивме огромни напори и ги остваривме сите точки од планираната изградба и опремување на фабричките капацитети за да стартува работата на фабриката“, рече Младеновски.