Остварена успешна средба со Магна Мекатроникс

Директорот Гоце Димовски, во насока на концептот за континуирана комуникација со постојните инвеститори, денес оствари средба со претставници на канадската Магна Мекатроникс која има своја фабрика во ТИРЗ Штип. Средбата главно беше фокусирана околу тековните активности на компанијата која го пушти во работа произведствениот погон годинава.

Димовски ја посочи поддршката која ја нуди дирекцијата за ТИРЗ за сите инвеститори, а особено за оние кои имаат клучен придонес за економскиот раст, со конкретни резултати. „Поддршката на инвеститорите е една од нашите стратешки цели, бидејќи успехот на компаниите е директно поврзан со економскиот развој и отворањето на нови работни места во земјата. Како институција секогаш сме тука да обезбедиме ефикасна и навремена поддршка за секој инвеститор.“ – кажа директорот Гоце Димовски.

Претставниците на компанијата изразија задоволство за средбата, со очекување за успешна соработка. Со оглед на тоа што ова е втора инвестиција на компанијата Магна Интернационал, од нивна страна беше нагласено дека Македонија е стратешка локација за нивното проширување во регионот. „Оваа втора фабрика во Македонија, каде главниот производ е автомобилска брава, е потврдa за поволната деловна клима, достапноста на квалификувана работна сила и поддршката што ја добиваме од институциите како ТИРЗ.” нагласи Горан Деспинпоски, менаџер на фабриката.

Инаку, оваа фабрика е дел од проширување на опсегот на работа на Магна Интернационал во Македонија, покрај фабриката во ТИРЗ Струга.