Успешна средба со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Висар Перани, претставник на Канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за нашата земја. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Дирекцијата и ИФЦ, при што беа разгледани можностите за нејзино проширување.

Димовски ја истакна важноста на поддршката од ИФЦ во развојот на инвестициските услови во Македонија преку проекти кои директно генерираат раст и развој на економијата. Исто така, беше посочено значењето на унапредување на условите, со цел привлекување на нови инвеститори и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

Од страна на Перани беше изразено задоволство за досегашната соработка со очекување за уште повеќе успешни проекти.

Тој ја нагласи посветеноста на корпорацијата за унапредување на деловната клима преку конкретни проекти. Од негова страна беа презентирани тековните активности, а ги претстави и можностите за поддршка со простор за нови иницијативи кои ќе имаат додадена вредност.

Средбата заврши со заедничка согласност за интензивирање на комуникацијата и дефинирање на следните чекори за продлабочување на партнерството меѓу ИФЦ и Дирекцијата за ТИРЗ.