Директорот Гоце Димовски во официјална посета на компанијата Пурпласт во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес оствари официјална посета на производствениот погон на турската компанија Пурпласт која се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2. Во рамки на посетата беше реализиран и координативен состанок на кој се разговараше за досегашните резултати на оваа компанија, предизвиците со кои се сочуваат, како и можностите и идните планови.

Како што предвидува и концептот на работа кој се спроведува повеќе од една година, директорот Димовски нагласи дека ваквите посети се од особена важност за сите засегнати страни, при што се гради транспарентен и стабилен однос кој овозможува долгорочна соработка и заеднички успех.

„Нашата цел како државна институција е да обезбедиме поволни услови за развојот на нови инвестиции, создавајќи растечка економија и доверба меѓу институциите и инвеститорите, што е клучен предуслов за реализација на нови проекти и проширување на постојните капацитети.“ – истакна Димовски.

Од страна на менаџментот беше изразена особена благодарност за досегашната отворена и транспарентна соработка. Од нивна страна беа презентирани досегашните резултати, како и идните планови за потенцијално проширување на инвестицијата, земајќи предвид дека фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е главен логистички центар за цела Европа.

Компанијата Пурпласт е компанија која своите производи ги извезува во над 30 земји, а соработува со светски познати компании како Мерцедес, Волво, Сканија, БМВ, Магна и се разбира ВДЛ Ван Хол Македонија.