ТИРЗ: ОТВОРЕН СИСТЕМ ЗА ПРЕТСТАВКИ ОД ГРАЃАНИ И ДОМАШНИ КОМПАНИИ

ТИРЗ за првпат воведува можност граѓаните и домашните субјекти да поднесат претставки и забелешки до Дирекцијата во однос на работните процеси поврзани со функционирањето на ТИРЗ. Поднесените претставки може да се однесуваат на работата на Дирекцијата, но за првпат претставките може да се однесуваат и на работата на компаниите лоцирани во зоните, а ќе може да ги поднесуваат и граѓани и правни лица кои се ангажирани или на каков било начин соработуваат или се засегнати од работењето во зоните.

Целта е да се обезбеди непосреден, едноставен пристап на граѓаните и деловните субјекти и целосно почитување на принципите на отвореност, транспарентност и добри деловни практики, како дел од новиот концепт на работење на ТИРЗ.

Со Протоколот за постапување, предвидени се прецизни куси рокови во кои Дирекцијата постапува по поднесените барања, согласно постојната законска регулатива. Рокот за доставување на одговор/информација по пристигнато барање е 15 дена, а во сложени предмети не подоцна од 30 дена.

ТИРЗ постојано работи на унапредување на услугите и поефикасна двонасочна комуникација. Новиот систем е делумно дигитализиран, односно воведена и опција претставките да се поднеста онлајн, преку веб страната на ТИРЗ. Во март ТИРЗ воведе и едношалтерски систем, таканаречен „Систем на една точка“ чија цел е обезбедување поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка за нивните барања и потреби во фазата на пред и пост-инвестициските активности. Со овој систем обезбедена е поддршка за компаниите и при обезбедување на услуги од останатите државни институции.

Линк