Средба со Чиријако Ло Конте, директор на компанијата Витек

Директорот Гоце Димовски оствари средба со Чиријако Ло Конте, директор на компанијата Витек. На средбата се разговараше за активностите на компанијата, како и плановите за понатамошен развој и потенцијални проширувања.

Директорот Димовски нагласи дека поддршката на постојните инвеститори останува еден од клучните приоритети на Дирекцијата за ТИРЗ, при што активно се работи на создавање стабилна и предвидлива деловна средина што ќе овозможи одржлив раст и нови инвестиции. Тој посочи дека континуираниот дијалог со сите компании и натаму продолжува, со цел навремено адресирање на предизвиците и можностите за раст.

Од страна на менаџментот на компанијата која работи во рамки на ТИРЗ Скопје 1, беше изразено задоволство за досегашната соработка, при што беа претставени и плановите за во иднина. Чиријако Ло Конте, истакна дека компанијата останува посветена на натамошен развој на своето работење во земјава, како и на унапредување на производствените процеси. Тој нагласи дека позитивната деловна клима и институционалната поддршка имаат значајна улога во растот и развојот на компанијата.