Остварена средба со менаџментот на Кондево
Директорот Гоце Димовски во рамки на концептот за активна соработка со сите инвеститори, денес оствари средба со менаџментот на Кондево, Ѓулај Салиевска-Гештаковска и Славјанка Стојановска. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и плановите за во иднина.
Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и понатаму останува посветен и сигурен партнер на инвеститорите, обезбедувајќи континуирана поддршка за нивниот раст и развој. Тој истакна дека редовната комуникација со компаниите кои работат во зоните е од особено значење за навремено препознавање на предизвиците и можностите кои ќе придонесат за подобрување на деловното окружување и реализација на нови инвестициски проекти.
Од страна на менаџментот на компанијата беше изразено задоволство за досегашната соработка. Ѓулај Салиевска-Гештаковска, генерална менаџерка на фабриката нагласи дека Кондево континуирано инвестира во унапредување на производствените процеси и развојот на своите капацитети, при што ја истакна важноста од стабилна и предвидлива деловна средина за реализација на идните развојни планови.


