Директорот Гоце Димовски како предавач на 53 Регионален курс на УНКТАД
Во рамки на 53 Регионален курс на Економскиот факултет – Скопје и УНКТАД, посветен на главните аспекти на меѓународната економска агенда, директорот Гоце Димовски денес одржа предавање на тема „Attracting FDI strategically – the case of North Macedonia“ пред повеќе претставници од јавната администрација на земјите од регионот на Источна Европа.
Во своето излагање, Димовски ги презентираше искуствата на Македонија во привлекувањето странски инвестиции, улогата на ТИРЗ во создавањето конкурентна и предвидлива деловна средина, како и механизмите за институционална поддршка што им се нудат на инвеститорите во сите фази од реализацијата на нивните проекти. Посебен акцент беше ставен на современите трендови во глобалните инвестициски текови, предизвиците во услови на промени, како и на потребата од одржливи политики кои ќе придонесат за привлекување инвестиции со повисока додадена вредност, нови технологии и квалитетни работни места. Во рамки на предавањето се разви конструктивна дискусија со учесниците, при што беа разменети искуства и ставови за политиките за привлекување инвестиции, улогата на институциите во подобрувањето на деловната клима и можностите за унапредување на регионалната соработка во областа на економскиот развој.
Со учеството на директорот Димовски како предавач, Дирекцијата за ТИРЗ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон споделување искуства и добри практики во областа на привлекувањето странски директни инвестиции, како и кон зајакнување на соработката со академската заедница и меѓународните организации. Ваквите настани претставуваат значајна можност за размена на знаења и придонесуваат кон унапредување на соработката со регионот и пошироко.





