ОСНОВАНА НОВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА БИТОЛА – ДЕЛ ОД ДТИРЗ
На иницијатива на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Владата донесе одлука да се формира нова државна индустриска зона во Битола. Во оваа фаза, индустриската зона зафаќа површина од три хектари, на дел од локацијата каде предходно се протегаше општинската индустриска зона “Жабени“.
Првично, Дирекцијата за ТИРЗ ќе вложи 1 милион евра за подобрување на условите за работа, со план овој износ да се зголеми на 3-4 милиони евра до крајот на 2021г, согласно и потребите на инвеститорите.
Во соработка со Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски систем, координација на економски ресори и инвестиции Ф.Битиќи, во напредна фаза се преговори и со првиот потенцијален странски инвеститор за новата зона. Интерес за инвестиции, со ваков пристап на поддршка од државата изразија и други компании.
Основањето на новата зона дел од новиот пристап на ДТИРЗ и модел преку кој треба да се обезбеди поддршка од Дирекцијата и државата за побрзо креирање подобри услови за инвестиции во општините. Истовремено на овој начин се создаваат исти услови за инвестирање и за странските и за домашните инвеститори.
Инаку покрај новата индустриска зона Битола, во 2021 ДТИРЗ веќе започна инвестициски циклус од 15 милиони евра во инфраструктура во повеќе други индустриски зони. Овој план за првпат е изготвен во соработка со компаниите корисници и според нивните потреби.