Република Сееверна Македонија

Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Јапонска бизнис-делегација во посета на ТИРЗ Скопје

Јапонска бизнис-делегација во посета на ТИРЗ Скопје

Во рамки на регионалната бизнис-мисија на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), денес директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности на државата пред повеќе од 20 јапонски компании кои ја посетија зоната во Скопје.

Презентацијата ги опфати условите за инвестирање, инфраструктурните капацитети на зоните и достапните мерки за поддршка, како и улогата на Дирекцијата во процесот на подготовка и реализација на инвестициските проекти. Посебен акцент беше ставен на можностите за развој на нови производствени капацитети во рамки на ТИР зоните, како и на предностите што ја позиционираат Македонија како атрактивна дестинација на глобалната мапа на странски директни инвестиции.

Претставниците на јапонските компании изразија интерес за подетално запознавање со инвестициското опкружување, постапките за започнување деловни активности и можностите за понатамошна соработка. Во таа насока, посетата овозможи непосреден дијалог за прашањата од значење при разгледувањето нови инвестициски можности. Делегацијата обедини претставници од повеќе области, меѓу кои производството, енергетиката, електрониката, информатичките технологии, финансиите и логистиката, што воедно отвори простор за размена на информации за различни форми на економска соработка, како и за потенцијалите за поврзување со домашното стопанство.

Во рамки на програмата реализиравме и обиколка низ ТИРЗ Скопје, при што делегацијата се запозна со инфраструктурата и организацијата на зоната, како и со условите во кои работат компаниите кои се веќе присутни. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на развивањето односи со јапонската бизнис-заедница, со цел воспоставување долгорочна соработка и отворање можности за нови инвестиции.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email