ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ГЕРЕШАЈМЕР ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

Денеска во Влада на Република Северна Македонија се потпиша договор за закуп со реномираната германска компанија Герешајмер. Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и заменик претседателот за операции глобални и набавки на компанијата „Герешајмер“ Оливер Бургел, и други претставници на компанијата присуствуваа на конференцијата со која официјaлно започна работата на германската компанија во земјава.

Премиерот Заев, пред присутните истакна дека оваа странска инвестиција е една од двете инвестиции кои биле договорени непосредно по потпишувањето на протоколот на земјава за членство во НАТО.

Вицепремерот Анѓушев пак, смета дека оваа странска инвестиција ќе помогне во намалувањето на бројот на млади кои се иселуват од земјава, бидејќи како што истакна тој на ваков тип компанија и се потреби млади образовни кадри.
Оваа светски позната компанија за прв пат инвестира во Југоисточна Европа и ја избра токму нашата земја , како резултат на стабилните и предвидливи политики на оваа Влада. Оваа е најголема инвестиција досега.

Германскиот Герешајмер, со седиште во Дизелдорф е глобален лидер во производство на пластичнa и стакленa медицинска амбалажа.
Компанијата има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка во кои работат околу 10.000 лица.
Со производство, кај нас, предвидено е да стратува во средината на наредната година.

Инвестицијата ке биде во пет фази со што во во првата фаза ќе бидат отворени 400 нови работни места, за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.