АМЕРИКАНСКАTA КОМПАНИЈА ,,РЕЧИ & САНС ЕНТЕРПРАЈЗ” ЗАПОЧНА СО ГРАДБА ВО ТИРЗ СТРУГА/ОХРИД
Во ТИРЗ Струга/ Охрид се одржа свеченoст по повод одбележување на почетокот на градба на новата американска инвестиција ,,Reci & Sons Enterprise”. Компанијата е основана во Њу Џерси во 2012 година, a ќе произведува производи за лична хигиена како и средства за чистење, првично насочена кон Eвропскиот пазар со планови за проширување на глобално ниво.
Висината на планираната инвестиција изнесува околу 3 милиони евра. Објектот ќе се простира на површина од 2500м2, a планирано да се вработат околу 250 лица. Тоа се нови работни места за жителите од Струга,Охрид како и од соседните општини.
Она што ја прави оваа инвестиција особено значајно е тоа што сопственикот ,г-дин Арбнор Речи од Њу Џерси е со потекло од Македонија. Тоа се надеваме ќе ги охрабри и другите иселеници да инвестираат во Македонија и да обезбедат зголемени можности за вработување, со цел да се спречи младите од Македонија да ја напуштат земјата. “На овој начин можеме да ја обезбедиме иднината со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе обезбедат подобар живот за нашите деца, како и подобра иднина за луѓето “, изјави г-дин Речи.
,,Ме радува фактот што оваа инвестиција денеска е доказ дека македонските иселеници се вракаат по долги години во својата родна земја за да инвестираат . Тоа се должи на подобрените економски услови, политичката стабилност, стекнувањето доверба во институциите и разработената стратегија за продуктвивно вложување на капиталот. Каде и да се, иселениците се како продолжена рака на родната земја. Доколку се одлучат да инвестираат во матичната земја, за нив има поголем број на мерки и двојна поддршка од Владата на РМ,” изјави директорот на ДТИРЗ, Александар Mладеновски .
На церемонијата присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, министерот за економија, Крешник Бектеси, министерот за странски инвестиции, Зорица Апостолска, директорот на ДТИРЗ , Александар Младеновски, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Рамиз Мерко и Јован Стојановски.