ПОЧНА СО РАБОТА АМЕРИКАНСКАТА “КИ СЕЈФТИ СИСТЕМС” ВО ТИРЗ КИЧЕВО

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево, со пригодна свеченост беше одбележан почетокот со работа на фабриката за производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, инвестиција на американската компанија “Ки Сејфти Системс”.
Новата фабрика годишно ќе произведува околу три милиони воздушни перничиња за автомобили , а се очекува годишен извоз од 70 милиони евра . Вкупната инвестиција на “Ки Сејфти Системс” во износ од 15 милиони евра треба да отвори вкупно 1.000 нови работни места.
Американската компанија, која започна со производство како браунфилд инвестиција во градот Кичево, по почетните 20 вработени , во моментов има 230 работници.
На свеченото отворање раководството на компанијата најави 700 работни места до крајот на годинава, а илјади работни места до крајот на следната година.