ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА „КОСТАЛ“ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Германскиот производител на мехатронички и електронски делови за автомобилската индустрија „Костал“ потпиша договор за инвестиција во нова фабрика во Македонија. Инвестицијата е во вредност од околу 50 милиони евра, а се очекува да се вработат најмалку 1.000 луѓе.

Договорот за имплементација на инвестицискиот проект беше потпишан од страна на Потпретседателот на „Костал“, Кристофер Сандерс и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.

Потпретседателот на Костал, Кристофер Сандерс, рече дека компанијата има спроведено истражувања во голем број на земји притоа анализирајќи ги условите кои се нудат на странските инвеститори, но се покажа дека токму Македонија ги има сите потребни услови за реализација на нивниот инцестициски проект.