АМЕРИКАНСКИОТ „ЛЕАР КОРПОРЕЈШН“ ОБЈАВИ ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Американскиот снабдувач на автомобилски седишта и електрични системи „Леар Корпорејшн“ ги објави своите планови да започне браунфилд операција за производство на навлаки за седишта во северозападниот македонски град Гостивар, во втората половина на 2015 година, со 300 вработени. Втората фаза ќе биде изградба на нова фабрика во слободната зона Тетово. Почетокот на изградбата е планиран кон средината на 2016 година, а се очекува да обезбеди работни места за 2.000 луѓе.

“Со континуираниот успех на „Леар Корпорејшн“ во вертикално интегрираното производство на автомобилските системи за седишта и компоненти, задоволни сме да започнеме со браунфилд операција во Македонија и планираме почеток на изградба на нова фабрика кон средината на 2016 година во истата област”, изјави Женен Хенли, потпретседател на „Леар Корпорејшн“ за глобални операции.

“Ја цениме соработката на сите инволвирани во проектот, „Леар Корпорејшн“ да ја отвори својата прва фабрика во Македонија.” Преговорите за инвестицијата беа водени две години, а компанијата донесе конечна одлука за проектот во декември 2014 година и ја избраа Македонија во конкуренција од неколку бизнис дестинации во регионот.

“Во согласност со нашата позиција како светски лидер во производство на луксузни автомобилски седишта, го поздравувам отворањето оваа нова фабрика преку која ќе нудиме квалитетни производи за нашите клиенти.”, изјави Рафаел Гаљарди, потпретседател на „Леар Корпорејшн“ за производство на седишта во Европа. Американската компанија Леар Корпорејшн е водечки глобален снабдувач на автомобилски седишта и системи за дистрибуција на електрична енергија. Светската класа производи Леар се дизајнирани, конструирани и произведени од страна на тим кој брои 132.000 вработени, во 235 објекти,  во 34 земји низ целиот свет.