ИТАЛИЈАНСКАТА КОМПАНИЈА „КОНДЕВО“ ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ТИРЗ ШТИП

Италијанската компанија „Кондево“ ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Ова вложување треба да резултира со отворање на нови 250 работни места во наредните 5 години. Инвестицијата вреди 40 милиони евра, а компанијата планира да започне со активностите за градба на новата фабрика за три месеци. „Кондево“ произведува топлотни разменувачи за бојлери и е еден од главните снабдувачи на светските производители на бојлери. Компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар.