МАКЕДОНСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО ДАЛАС

Македонски владин економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски, ги презентираше условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија на бизнис форум во Далас, САД, пред претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.

Македонската делегација, во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер Васко Давидовски, одржа и поединечни средби со раководството на одредени компании, кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа.