КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ТЕХНОЛОШКО-ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА КИЧЕВО
Според предвидениот план за изградба на седум технолошко-развојни индустриски зони во Македонија, започна изградбата на “ТИРЗ” Кичево-лoкалитет “Србјани”. ТИРЗ Кичево, ќе се гради во два опфати на вкупна површина од 29 хектари. Првиот ќе се протега на површина од 13,5 хектари, во К.О Србјани. Втората површина со 16хектари , ќе се протега во Општина Кичево.
Првиот опфат ќе го сочинуваат девет парцели, од нив седум се наменети за производствени и услужни дејности.
Предвидена е изградба на пат кој ќе овозможи приклучок на зоната кон регионалниот пат Кичево-Македонски Брод. Во ТИРЗ Кичево, ќе се изгради и административна зграда во која ќе биде сместен терминал на царинската управа.
На поставувањето на камен темелникот на ТИРЗ Кичево, Премиерот Никола Груевски, посочи дека, добрите економски политики и мерки на Владата,и презентацијата на на инвестициските можности на Македонија, предизвикаа огромен интерес кај многу странски инвеститори. Притоа,тој подвлече дека токму ТИРЗ се сегмент кој во голема мера го помагаат процесот за презентација ,и привлекување на странски инвеститори во државава.
Изградба на вакви зони ,се планирани во Тетово, Струга, Прилеп, Струмица и Радовиш. Со изградбата на ТИРЗ Кичево, ќе се отворат нови работни места , а особено изградбата на ТИРЗ Кичево, претставува одлична поддршка на факултетите во Кичево од каде ќе се регрутираат едуцирани кадри кои ќе работат во капацитетите кои ќе работат во ТИРЗ Кичево,посочи Премиерот Груевски.
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека зоната Кичево, ќе се гради според стандардите кои се применети и при изградбата на другите зони во Македонија вклучувајќи ги и ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, кои според fDi магазинот се рангирани меѓу 50-те најдобри слободни зони на иднината во конкуренција од 600 слободни зони во светот.
Кичево е петтата од 11 ТИРЗ, кои се градат во рамки на Владината програма за економски развој и привлекување на странски инвестиции.