БЕЛГИСКИОТ ВАН ХОЛ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПАРЦЕЛА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 2

На 27 јуни 2012 година белгиската компанија Ван Хол НВ и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони , Виктор Мизо потпишаа Договор за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од 11,7 хектари.

Белгиската компанија ќе инвестира 20 милиони евра во оваа фабрика и ќе вработи околу 500 луѓе. Оваа инвестиција ќе вклучи конструкција на фабрика за висококвалитетни автобуси и приколки, нивно склопување и сектор за постпродажни активности.

Ван Хол претставува најголем произведувач на автобуси во Европа со годишно производство од 4,000 комерцијални автобуси и приколки, дизајнирани и произведени по модуларен концепт. Компанијата брои преку 4,000 вработени.