Редовните отворени средби со инвеститорите и понатаму продолжуваат, остварена средба со Балканлар

Во рамки на редовните работни средби кои имаат за цел поддршка и унапредување на инвестициската клима во Македонија, денес директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, оствари средба со претставник на компанијата Балканлар. На средбата беа разгледани тековните проекти и можностите за понатамошна соработка.

Од страна на директорот Димовски беше потенцирана посветеноста на ТИРЗ, во соработка со новата Влада за поддршка на сите инвеститори преку најразлични иницијативи и мерки. Димовски исто така го нагласи новиот концепт на дирекцијата за ТИРЗ, кој не само што обезбедува решавање на тековните предизвици, туку и креирање на нови можности за раст и развој на инвестициите, сѐ со цел создавање на поволна инвестициска клима.

Претставникот на Балканлар изрази задоволство за остварената средба, надевајќи се на успешна понатамошна соработка. Од негова страна, беа споделени тековните проекти, како и инвестициските планови за во иднина. Исто така, беше изразена и пофалба на ваквиот начин на соработка и поддршка од страна на дирекцијата за ТИРЗ и новата Влада.

Овие редовни отворени средби со инвеститорите се во насока и на исполнување на поставените цели од страна на новата Влада, односно привлекување на нови инвестиции, зголемување на економскиот раст, како и отворање на нови работни места.