ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО КОЕ СЕ ОСТВАРУВА КАКО КОНЦЕСИЈА ЗА ЈАВНА УСЛУГА
Број на огласот 01/2023
ДЕЛ I: ЈАВЕН ПАРТНЕР
I.1) Податоци за јавниот партнер
I.1.1) Име на јавниот партнер: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија |
I.1.2) Адреса на јавниот партнер: Булевар Партизански Одреди бр.2, п. фах 311 |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
I.1.3) Контакт: Благоја Богоевски Телефон: +389 72 264 996 |
Е-пошта: greenzone@fez.gov.mk Факс: / |
Интернет адреса: www.fez.gov.mk |
I.2) Категорија на јавниот партнер
☒Друго правно лице кое согласно со закон врши јавни овластувања, во делот на вршењето јавни овластувања |
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈАТА
II.1. Назив на предметот на концесијата:
Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство заради проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на технолошко индустриската развојна зона „Гевгелија“, Северна Македонија |
II.2. Природа и обем на концесијата:
Договорот се доделува како договор за воспоставување на јавно приватно партнерство во форма на концесија за јавна услуга. Предмет на планираната концесија е проектирање, изградба, управување, одржување и финансирање на технолошко индустриската развојна зона Гевгелија во две фази – Фаза 1 и Фаза 2. Фаза 1 се однесува на формирање на технолошко индустриската зона Гевгелија од страна на Приватниот партнер. Оваа фаза опфаќа изградба на инфраструктурни, индустриски и други објекти со вкупна површина од околу 270.000,00 m2, согласно урбанистичките услови и планираните намени, на градежна парцела со површина од 50,25 ha. Фаза 2 зависи од успешната имплементација на Фаза 1. Во Фаза 2 Приватниот партнер би имал обврска да ја проектира, изгради, управува, одржува и финансира технолошко индустриската развојна зона Гевгелија – Фаза 2, која опфаќа изградба на инфраструктурни, индустриски и други објекти, во согласност со применливите урбанистички услови и планираните намени, и тоа потенцијално на парцела од околу 70 ha, ако споменатото земјиште биде достапно во моментот на завршување на Фазата 1. Јавниот партнер нема обврска да му го стави на располагање земјиштето на Приватниот партнер, доколку не бидат исполнети законските, правните, урбанистичките и другите услови предвидени со договорот склучен со Приватниот партнер во времето на исполнување на договорните обврски на Приватниот партнер на крајот од периодот на изградба на Фазата 1. |
II.3. Објаснување за оправданоста на доделувањето на концесијата и назначување на целите:
Доделувањето на технолошка индустриска развојна зона Гевгелија на Приватен партнер произлегува од потребата за привлекување на инвестиции со кои ќе се обезбедат предуслови за локален економски развој на југоисточниот регион на Република Северна Македонија, односно до намалување на бројот на невработени и подигање на животниот стандард на населението. Цели кои треба да се остварат со доделувањето на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство се: – економски и социјален развој; – зголемување на конкурентноста на подрачјето; – подигнување на животниот стандард на населението; – задржување на работоспособното население во подрачјето; – изградба на комунална инфраструктура во зоната; – привлекување нови инвеститори во зоната; – намалување на бројот на невработени; – прикажување на економските ефекти од инвестицијата, потребните трошоци, но и мерливите и не мерливите придобивки од таквиот проект и неговата одржливост. |
II.4. Место/локација на извршување на концесијата: Општина Гевгелија, Република Северна Македонија |
II.5. Проценета вредност на договорот: околу 120 милиони евра за Фаза 1 |
ДЕЛ III: ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО
III. 1. Рок за поднесување на пријавата за учество
Датум : 26/07/2023 до 16:00h |
III.2. Адреса на поднесување на пријавата за учество
III.1.2) Адреса на јавниот партнер: Булевар Партизански Одреди бр. 2, п. фах 311 |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
III.3. Јазик на кој мора да биде напишана пријавата за учество:
☒Македонски ☒Англиски ☐Друг Пријавата за учество и придружната документација се доставуваат на англиски јазик со заверен судски превод на македонски јазик или на македонски јазик со заверен судски превод на англиски јазик, освен документите издадени од надлежните органи на Република Северна Македонија кои може да се достават само на македонски јазик. Јавниот партнер го задржува правото да побара овие документи кои се издадени на македонски јазик да се преведат на англиски јазик од страна на овластен судски преведувач. Во случај на несогласување помеѓу македонската и англиската верзија, преовладуваат документите на оригиналниот јазик. |
ДЕЛ IV: ВИД НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
☒Конкурентен дијалог |
ДЕЛ V: НАДОМЕСТ ЗА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тендерската документација може да се добие без надомест во електронска форма со доставување барање за добивање на Тендерска документација од страна на Економскиот оператор на следнава електронска адреса: greenzone@fez.gov.mk. Барањето мора да содржи назив на Економскиот оператор и електронска адреса за комуникација со Економскиот оператор. |
ДЕЛ VI: УСЛОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА КАНДИДАТИТЕ
VI.1. Лична состојба – Докази дека не постојат причини за исклучување од постапката
Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на состојбата: Како докази дека не постојат причини за исклучување од постапката, Јавниот партнер ги прифаќа следниве документи согласно со точка 2.3 од Тендерската документација: – изјава на Економскиот оператор дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од потточка 2.2.1. од Тендерската документација; – потврда дека не е отворена постапка за стечај против Економскиот оператор издадена од надлежен орган; – потврда дека не е отворена постапка за ликвидација против Економскиот оператор издадена од надлежен орган; – потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган; – потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на Економскиот оператор не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство; – потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека на Економскиот оператор не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; – уверение дека со правосилна пресуда на Економскиот оператор не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. |
|
VI.2. Способност за вршење на професионална дејност
Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста: – Документ за регистрирана дејност или доказ дека Економскиот оператор припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран согласно потточка 2.4.1.а од Тендерската документација. |
|
VI.3. Економска и финансиска состојба | |
Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени):
Економскиот оператор ја докажува исполнетоста на условот со доставување ревидирани финансиски извештаи за претходните два завршени сметководствени периоди, подготвени во согласност со МФРС за дадениот сметководствен период. Повеќе детали се содржани во потточка 2.4.1.б од тендерската документација. |
Евентуални минимални барања (ако се применливи):
Минимален годишен приход од 30 милиони евра за секоја од последните две календарски години, кои завршуваат на датумот на билансот на состојба од последните ревидирани финансиски извештаи. |
VI.4. Техничка и професионална способност | |
Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени):
Примерок од препораки од претходни релевантни проекти за ЈПП согласно потточка 2.4.1.в од Тендерската документација. |
Евентуални минимални барања (ако се применливи):
Во последните 15 години да основал и/или развил и/или управувал најмалку 1 (една) индустриска зона, со Вредност на инвестицијата од најмалку 100 милиони евра. |
ДЕЛ VII. КРИТЕРИУМИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНЕТИ ПРИ ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Повеќе информации се содржани во точка 1.8 од Тендерската документација. |
ДЕЛ VIII. МИНИМУМ РАБОТИ ИСКАЖАНИ ВО ПРОЦЕНТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ НА ТРЕТИ СТРАНИ (доколку е предвидено)
Не е предвидено во оваа фаза. |
ДЕЛ IX. МИНИМАЛНИОТ ИЗНОС НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА КОНЦЕСИЈА И/ИЛИ НАЧИНОТ НА КОЈ ИСТИОТ СЕ ПРЕСМЕТУВА (доколку е предвидено)
Не е предвидено во оваа фаза. |
ДЕЛ X. БРОЈ И ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ
Датум : 01/2023 од 26/06/2023 |
ДЕЛ XI. ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
XI.1. Надлежен орган за одлучување по жалба
XI.1.1) Име на органот: Државна комисија за жалби по јавни набавки |
XI.1.2) Адреса на органот: улица Филип Втори Македонски број 11, кат 4 |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
XI.1.3) Контакт: Телефон: +389 2 3251 260 |
Е-пошта: dkzjn@gs.gov.mk Факс: +389 2 3251 269 |
Интернет адреса: https://dkzjn.mk |
XI.2. Право на жалба
Секој Економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на законските одредби, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на Јавниот партнер во постапката за доделување на договорот.
XI.2.1) Рок за поднесување на жалба: Согласно со член 144 од Законот за јавните набавки |
ДОДАТОК А
ОСТАНАТИ АДРЕСИ И КОНТАКТИ
I. АДРЕСА И КОНТАКТ КАДЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија | |||
Адреса: за дополнителни информации / барања за појаснувања, ве молиме користете ја електронската адреса наведена подолу | |||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија | |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски |
Телефон: +389 72 264 996 |
||
E-пошта: greenzone@fez.gov.mk | Факс: / | ||
Интернет адреса: www.fez.gov.mk |
II. АДРЕСА И КОНТАКТ КАДЕ ШТО СЕ ДОСТАПНИ ДОПОЛНУВАЊАТА/ИЗМЕНИТЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија | |||
Адреса: за дополнувања / измени на тендерската документација, ве молиме користете ја електронската адреса наведена подолу | |||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија | |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски |
Телефон: +389 72 264 996 |
||
E-пошта: greenzone@fez.gov.mk | Факс: / | ||
Интернет адреса: www.fez.gov.mk |
III. АДРЕСА И КОНТАКТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
Назив: Дирекција за технолошки развојни индустриски зони на Република Северна Македонија | |||
Адреса: Булевар Партизански Одреди бр.2, п. фах 311 | |||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија | |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Благоја Богоевски |
Телефон: +389 72 264 996 |
||
E-пошта: greenzone@fez.gov.mk | Факс: / | ||
Интернет адреса: www.fez.gov.mk |