OESA 2012 OUTLOOK CONFERENCE
На овогодинешната конференција во организација на Original Equipment Suppliers Association (Здружение на производители на компоненти од САД), “ОЕSA 2012 Outlook Conference”, беа претставени инвестициските поволности во Република Македонија. Настанот, кој е најголем од овој тип во светот, се одржа на 13-ти ноември 2012 во Детроит . На конференцијата присуствуваа над 700 гости, меѓу кои и бројни производители на автомобилски компоненти и возила од Соединетите Американски Држави и целиот свет. Презентации извршија врвни луѓе на Ford Motor Company, Toyota Motor Engineering & Manufacturing, Volkswagen of America, Magna International Inc., а од страна на експерти беа презентирани и перспективите на автомобилската индустрија на глобално и регионално ниво во 2013 година.
Преку директни контакти, поединечни средби и презентации, Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо придружуван од Економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги претставија поволностите за инвестирање во Р. Македонија. Дел од големите компании од автомобилската индустрија најавија посета на нашата држава.
Освен Македонија, свој штанд имаше и Канада, а свои претставници имаа и Турција, Германија, Италија и бројни држави од САД. Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции во земјава.