Директорот Гоце Димовски дел од втората седница на Австриско-Македонската заедничка комисија за билатерални трговски и економски односи во Виена

Директорот Гоце Димовски како дел од македонската делегација предводена од Елена Кузмановска, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес учествуваше на  Втората седница на Заедничката комисија за билатерални трговски и економски односи помеѓу Македонија и Австрија. Од австриска страна, делегацијата составена од бројни високи претставници ја предводеше Елизабет Вајсенбек од Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам (BMWET), Раководител на Директоратот за надворешни економски односи.

Со цел продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена, беше направен преглед на економската состојба во двете земји, статусот и перспективи на односите како и можностите за понатамошен развој на билатералните економски односи

Во рамки на темата Конкурентност (Nearshoring), Димовски ги истакна можностите за инвестирање кои ги нудат зоните, потенцирајќи ја подготвеноста за нови проекти кои ќе донесат додадена вредност за сите засегнати страни. Дополнително, тој ги посочи досегашните резултати, рекордниот износ на СДИ за 2024 од вкупно 1.255 милијарди евра што е двојно повисок од 2023 година.

Инаку, првиот состанок на Заедничката комисија, формирана во согласност со член 13 од Договорот меѓу Македонската и Австриската Влада, потпишан на 26 јуни 1997 година, се одржа на 25 октомври 2010 година во Скопје.