Иднината – дома

Александар Јакимовски – БМЗ

Тимската работа и можноста за постојано учење и напредок е причина зошто Александар Јакимовски започнува во БМЗ Македонија. Со отворање на прозводствен погон во Македонија, БМЗ дава можност на младите да учат производство на литиумски батерии, бизнис кој е во подем и кој се смета за бизнис на иднината. БМЗ инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места, од кои дел веќе се реализираат.