Иднината – дома

Ана Атанасова – БМЗ

Непроценливо е искуството кога си дел од компанијата од нејзиното создавање и развивање. Ана Атанасовска, инженер за квалитет, е дел од отворање на фабриката на БМЗ. Следење на целиот процес на поставување на основите на производство и адаптирање на процедури и правила, за неа креираат богато портфолио за краток временски период. „БМЗ“ е германска компанија за производство на литиум-јонски батерии, синоним за технолошки напредна компанија, со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал што произлегува од нивните иновативни, висококвалитетни производи.