БИЗНИС СРЕДБА ВО ГРЦИЈА

Денеска во Грција Директорот на ДТИРЗ , Александар Младеновски,оствари средба со членовите на приватизираното Солунско Пристаниште, како што се: претседателoт на бордот на директори и главен извршен директор, Сотириос Теофанис и извршниот директор и советник за инвестиции ,Јоргос Папагеоргиу . На состанокот присуствуваше и Драган Костиќ, директор на слободната зона во Пирот од Србија.

Средбата беше одржана за размена на искуства и дискусија за можностите за меѓусебна соработка на сите три земји во иднина како и реализација на глобални проекти за подобрување на ефикасноста и безбедноста на слободните зони.