Иднината – дома

Бојан Антевски – Џонсон Мети

Бојан Антевски ги користи можностите за напредок во Џонсон Мети. Тимската работа, високата работна етика, низа на обуки за подобрување на вештините и искусни ментори, се дел од причините зошто вработените во компанијата напредуваат и остануваат да ја градат својата кариера. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.