ГЕРМАНСКИОТ „ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС“ ЈА ПУШТИ ВО УПОТРЕБА ФАБРИКАТА ВО ТИРЗ ШТИП

Германски производител na ткаенини „Техникал текстајлс“ ја отвори својата нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Штип, инвестиција вредна 15 милиони евра.

Во фабриката ќе се одвива производство на индустриски ткаенини – изолациски материјали за градежништвото, автомобилската и аеро индустрија. Се очекува оваа фабрика во иднина да отвори илјада нови работни места.

Директорот на „Техникал текстајлс“ Џенсон Венланд рече дека изградбата на фабриката беше завршена за 14 месеци.

Во мај минатата година бев во авион за Абу Даби да го потпишам договорот за изградба на нова производствена хала, односно ова каде сме сега, а планот беше да се гради во Абу Даби. Меѓутоа во еден економски магазин проитав една мала статија за Македонија. Добри можности за инвестирање беа понудени. Тоа беше причина што јас се одлучив за промена на авион и да одам во Македонија за да се информирам во детали за инвестирање во вашата земја. Имаше и други земји кои нудеа субвенции од Европската Унија или друг тип на финансиска поддршка. Но, Македонија, меѓу другото, нуди многу мотивирани работници, многу потенцијални соработници, силна владина и државна поддршка итн. И ова ја прави Македонија многу интересна за нас, рече Венланд.