Директорот Гоце Димовски дел од Германско-Mакедонскиот Бизнис Самит
Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на Германско-Mакедонскиот Бизнис Самит, каде во организација на AHK Северна Македонија и Германско-Македонската стопанска асоцијација (DMWV) присуствуваа високи претставници од бизнис-секторот од државава, Германија и регионот.
Со фокус на применетата технологија и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој, настанот беше отворен од Антје Ванделт, истакнувајќи како иновациите, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација ја зајакнуваат конкурентноста, инвестициите и развојот на работната сила.
На настанот свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Германија е стратешки партнер на македонската економија, а ваквите настани имаат значајна улога во продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји.
„Германија за нас претставува повеќе од економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина, иновации и стабилен економски модел кој со децении создава вредност и напредок. Нашата порака е јасна: Сакаме да бидеме сигурен партнер, стабилна економија и држава која ги препознава и поддржува иновациите, технологијата и претприемништвото.“ – истакна премиерот Мицкоски.
Во рамки на настанот, директорот Димовски оствари повеќе средби со претставници од бизнис заедницата, при што беа разменети мислења и идеи за унапредување на економската соработка, поддршка на инвестициските активности и креирање услови за одржлив економски раст и развој.




