Во рамки на официјалната посета на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Сојузна Република Германија, директорот Гоце Димовски, денес оствари работна средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и членот на Управниот одбор и ГИД за Европа, Доминик Лерој.
Посетата беше можност за непосредно запознавање со организациските и технолошките решенија што компанијата ги применува во областа на безбедноста, управувањето со оперативните процеси и заштитата на критичната инфраструктура.
Во рамки на средбата, посебен акцент беше ставен на технолошкиот развој, дигиталниот суверенитет и концептот на паметен и безбеден град, како важни предуслови за модерна, конкурентна и дигитално развиена држава.
Директорот Димовски ја истакна важноста на размената на искуства со водечките меѓународни компании, посочувајќи дека следењето на современите технолошки практики и воспоставувањето нови контакти претставуваат значаен придонес во напорите за унапредување на инвестициската клима во Македонија.
Посетата претставува дел од активностите насочени кон зајакнување на меѓународната соработка и следење на глобалните трендови што го обликуваат современото опкружување.