ДИРЕКЦИЈАТА НА ТИРЗ УЧЕСТВУВА НА 54-ОТ BME SYMPOSIUM BERLIN 13-15 НОЕМВРИ 2019

Здружението за управување на синџирите на снабдување, набавки и логистика The Association for Supply Chain Management, Procurement and Logistics (BME) годинава по 54-ти пат во Берлин го организира најголемиот симпозиум на мрежни партнери од индустријата, трговијата, јавните институции и финансискиот сектор.

Дирекцијата на ТИРЗ на симпозиумот е предводена од Заменик Директорот, Пајазит Лика. Тоа е можност да се остварат деловни контакти со над 2.000 излагачи и неколку десетици илјади посетители на симпозиумот.

Изложбениот простор на Дирекцијата на ТИРЗ беше посетен од д-р Силвиус Гробош, извршниот директор на БМЕ кој ја потврди цврстата определба за продлабочување на соработка со Дирекцијата и инвеститорите во зоните во Република Северна Македонија. Во разговорот тој ги истакна заложбите на Здружението за управување на синџирите на снабдување, набавки и логистика да се вклучат во трансферот на знаење преку постојана размена на искуства, обука и континуирано образование на квалификуван персонал, научна работа на нови методи, процедури и техники.

Господинот Хелге Толксдорф, шеф на одделот за проширување на ЕУ при германското министерство за економија во разговорот со претставиниците на Дирекцијата на ТИРЗ покажа интерес за економските политики на Владата на Република Северна Македонија и мерките за привлекување на странски инвестиции, особено за поддршката на компаниите лоцирани во зоните низ државата.

Учесници на симпозиумот во Берлин се и претставниците на Асоцијацијата на метална и електро индустрија -МАМЕИ

https://www.bme.de/en/association-supply-chain-management-procurement-and-logistics/