ДУИНГ БИЗНИС 2012 – МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТ ТОП РЕФОРМАТОР ВО СВЕТОТ

Според Извештајот на Светска банка, Дуинг бизнис 2012, Република Македонија е трет топ реформатор во светот оваа година. Таа се искачи за 12 места од 34 на 22 место. Таа е лидер во Западен Балкан и подобра е од 19 земји членки во ЕУ.Република Македонија направи прогрес во четири дејности – добивање градежни дозволи, добивање кредит (кредитни информации), решавање стечајни постапки и регистрирање имот.Го олесни добивањето градежни дозволи преку префрлање на процесот на надзор врз приватниот сектор и со рационализирање на постапките. Го олесни регистрирањето на имотот преку намалување на нотарските надоместоци и спроведување временски ограничувања утврдени со Законот за катастар на недвижности. Основањето на приватното кредитно биро го подобри информацискиот систем за кредитите. Со законодавството се подобри транспарентноста на стечајните постапки, се наведува во Извештајот за Македонија.Во делот за добивање градежни дозволи Македонија има напредок од 86 места. Намалени се бројот на процедури од 20 на 10 и времето за добивање градежни дозволи скратено од 139 на 117 дена.Кај решавањето на стечајни постапки имаме напредок од 116 на 55 место. Намалено е времетраењето на стечајната постапка од три на две години, а трошоците се намалени од 28 на 10 проценти од вкупната вредност на имотот на компанијата.Македонија кај индикаторот пристап до кредити има напредок од 21 места, односно од 45 на 24 место, а придонес има воспоставувањето и почетокот со работа на приватното Кредитно биро и зголемувањето на достапноста и опсегот на кредитни информации.За регистрирањето имот имаме напредок од 18 места. Во оваа област бројот на постапки е намален од 5 на 4, времето за регистрација е намалено од 58 на 40 дена и трошоците за регистрација се намалени од 3,2 проценти на 3,1 процент од вредноста на имотот.Напредок има и на индикаторот – спроведување на договори каде сме рангирани од 65 на 60. место.Извештајот ги анализира регулативите кои се однесуваат на бизнисите во економијата за време на нивниот животен циклус, вклучувајќи ги почнувањето и работењето, прекуграничната трговија, плаќањето даноци и разрешувањето на инсолвентноста. Опфатени се 183 економии за кој оценува дека продолжиле да спроведуваат реформи со кои се подобрува способноста на локалните фирми да водат бизнис, а транспарентноста и пристапот до информации да играат клучна улога во реформите.Дуинг бизнис 2012 ја призна Македонија меѓу 10 економии кои ги направија најголемите чекори во креирањето поповолни бизнис регулативи во последните 6 години и се помести на глобалната ранг листа од 81 место во Дуинг бизнис 2006 на 22 место во овогодинешниот Извештај.Во Извештајот, Македонија е убедливо најдобра во регионот, но и подобро рангирана од 19 членки на ЕУ.