ИТАЛИЈАНСКАТА КОМПАНИЈА „ДИАТЕК“ ЈА ОТВОРИ ФАБРИКАТА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ

Италијанската компанија „Диатек“, светски лидер во технологија за дигитално печатење ја пушти во употреба фабриката во Македонија.

Фабриката која се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје, веќе има 35 вработени и се очекува наскоро да се ангажираат дополнителни 200 работници. Компанијата инвестираше околу 10 милиони евра во овој проект.

Поголемиот дел од производството на новата централа е наменета за Источна Европа, Турција, Персискиот Залив и Северна Африка.

Амбасадорот Белели и сопственикот на фабриката Диего Мосна изјавија дека добрата локација, политичка стабилност и поволните можности за бизнис ги привлекуваат странските компании да инвестираат во Македонија.