КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ТИРЗ СТРУМИЦА

На 21 септември 2013 година, со свечено поставување на камен темелник беше означен почетокот на инфрастуктурната изградба на ТИРЗ ,,Струмица,, која е една од досега основаните девет ТИРЗ-ви во Македонија.

ТИРЗ ,,Струмица,, со површина од 25 хектари е лоцирана на 50 км од граничниот премин ,,Богородица,, кон Грција и на 23 км од граничниот премин ,,Ново Село,, кон Бугарија.

За изградба на комплетната инфраструктура планиранаме да инвестираме околу 300 милиони денари со кои ќе се изгради сообраќајница, водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфрастуктура, како и улично осветлување. Со тоа ТИРЗ ,,Струмица,, ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во овој регион, рече премиерот Никола Груевски.

Отварањето на нови капацитети, значи отварање на нови работни места за младите од целиот регион.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека изградбата на ТИРЗ ,,Струмица,, заедно со другите ТИРЗ-ови во Македонија представува реализација на визијата на Владата за изградба на зони со целосно изградена и развиена инфраструктура кои ќе можат да ги понудат сите потребни услови и поволности за производителите.