МАКЕДОНИЈА НА 31-ВО МЕСТО СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА ЕКОНОМСКИ СЛОБОДИ НА ФОНДАЦИЈАТА ХЕРИТИЏ

Фондацијата Херитиџ ја рангираше Македонија на 31-то место во светот во последниот извештај за економски слободи, што ја вбројува во категоријата на претежно слободни земји за прв пат од почетокот на рангирањето.

Во претходниот извештај, Македонија беше рангирана на 47-то, и се вбројуваше во категоријата “релативно слободни земји”. Македонија доби 70,7 поени кои ја одразуваат економската слобода во четири главни категории – владеење на правото, интегритет на државата, регулаторната ефикасност и отвореност кон пазари.

Македонија доби 67 поени за почитување на правата на сопственост, 52 поени за интегритет и 61,4 поени за судска ефикасност.

Што се однесува до соседните земји, Косово и Бугарија се рангирани најдобро и тоа на 46-то и 47-мо место во светот. Албанија е рангирана на 65-то, Србија на 99-то, Грција на 127-мо место. Во извештајот САД се рангирани на 17-то место во светот и за прв пат оваа земја не е меѓу првите петнаесет.

Највисоко рангирани земји во светот се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, додека Северна Кореја, Венецуела и Куба се најлошо рангирани.