МАКЕДОНИЈА ТРЕТА НАЈДОБРА ЗЕМЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА

Реномираното меѓународно списание ”Site Selection” специјализирано за избор на најдобри земји и локации за водење бизнис во светот и најдобри агенции за промоција на инвестиции и оваа година по осми пат ги одбра победниците.

– Сајт Селекшн направи анализа врз основа на најконкурентните дестинации за привлекување гринфилд инвестиции за минатата година врз основа на бројот на компаниите кои ги започнале своите проекти и Македонија е рангирана во Источна Европа на високото седмо место според бројот на гринфилд проектите, а според бројот гринфилд проекти по глава на жител го зазеде високото трето место. Тоа значи дека само Чешка и Унгарија се пред Македонија по бројот на гринфилд проекти по глава на жител, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Тој посочува дека ова високо рангирање на Македонија е валоризација на досегашните напори и активности.

– Она што досега е преземено резултира уште еден глобален реномиран магазин да ги валоризира активностите, а тоа значи дека и дополнително ќе влијае нови компании кои ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во земјите на Источна Европа Македонија да ја ставаат на нивната инвестициска мапа се повисоко, потенцира тој.

Инаку, во изборот на најдобрите локации за инвестирање се квалификуваат исклучиво капитални инвестициски проекти кои придонесуваат за благосостојбата на регионите во кои тие инвестиции се реализирани.