МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО СИНГАПУР И ЈАПОНИЈА

Од 29-ти ноември до 2-ри декември Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше инвестициските можности пред бизнис заедниците на Сингапур и Јапонија. Во соработка со Сингапурската бизнис федерација беше организиран бизнис форум во Сингапур каде Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски ги презентираше инвестициските можности и поволности што ги нуди Република Македонија пред претставници од околу 50 сингапурски компании од различни области.Пред присутните се обрати и претседателот на Сингапурската бизнис федерација Тони Чу Леонг Чи, кој даде позитивна оценка за постигнувањата во македонската економија и ги повика сингапурските бизнисмени сериозно да ги разгледаат можностите кои ги нуди Македонија за реализација на нивните инвестициски проекти.По завршувањето на бизнис форумот во Сингапур, Владиниот тим го продолжи своето роуд шоу во Јапонија, во Токио и Осака.Во Токио делегацијата учествуваше на бизнис форумот кој го организираше Јапонската надворешна трговска организација (JETRO), на кој покрај официјалните презентации од страна на владиниот тим, премиерот Груевски оствари одвоени средби со неколку јапонски компании со цел да се разменат информации околу нивните интереси и можностите кои ги нуди Република Македонија како атрактивна бизнис дестинација.Во организација на Јапонската надворешна трговска организација беше одржан бизнис форумот во Трговската комора на Осака.Потенцирајќи ја поволната стратешка локација на Република Македонија, претседателот на Јапонската надворешна трговска организација Хидехиро Јоко, истакна дека низ Македонија поминуваат два транс-европски коридори и претставува важна стратешка локација која може да служи како главна врска со европските маркети.За време на посетите на Сингапур и Јапонија, Премиерот Груевски беше придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.