Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица
Директорот Гоце Димовски денес оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој. Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон.
Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ.
Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата.
Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.









